четврток, 4 јули 2024

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со Владата за Законот за игри на среќа

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која тој најави ревидирање на Игрите на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да го поздравиме пристапот на новата Влада и воедно порачуваме дека сите членки на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои во ниту еден момент не смеат да бидат исклучени од процесот на одлучување или менување на Законот за игри на среќа.

Објавено на

часот

Сподели

Од АСОМ наведуваат дека како приредувачи на игри на среќа секогаш делуваат конструктивно, со низа аргументи и предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата. Затоа, велат, очекуваат и конструктивна соработка со новата Влада во интерес на сите чинители.

„Како што најави и премиерот Мицкоски, потребно е целосно преиспитување и ревидирање на досегашниот пристап, со цел да се дојде до сеопфатно законско решение кое ќе биде поправедно, како за граѓаните, така и за приредувачите на игри на среќа, но и за нивните вработени. Оттука, порачуваме да не се направи истата грешка како претходно и ние, легитимните претставници на индустријата на игри на среќа кои сочинуваме 95% од лиценцираните компании во државата, да бидеме целосно вклучени од процесот на ревидирање.

Повикуваме на конструктивна соработка со новата Влада во интерес на граѓаните, но и на нашите вработени и воедно потсетуваме дека од оваа гранка живеат повеќе од 10.000 вработени, а над 54.000 индиректно го остваруваат својот приход од игрите на среќа.

Индустријата за игри на среќа е сериозна стопанска гранка од која во буџетската каса по сите основи се слеваат повеќе од 280 милиони евра и затоа, заедно со новата Влада, треба да работиме партнерски за да се превенира злоупотребата на игрите на среќа и да се изнајде европско решение и квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени и ќе се унапреди индустријата“, се вели во соопштението на АСОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ