сабота, 20 јули 2024
Реакција на премиерот

Мицкоски: Амбасадорите се мешаат во внатрешните работи, но нека понудат решение за доверба во судството

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, но ако знаат подобро решение за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем нека дојдат и нека кажат како, зашто вака како до сега не бива понатаму, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира вчерашните изјави на амбасадорите на ЕУ и на Холандија кои искажаа мислење дека не треба да се распушти Судскиот совет, што е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, но во ред, ги слушнав изјавите.  И да е така, 600 илјади граѓани гласаа за победа на оваа коалиција. Но за нив тоа не значи ништо за политиките и програмата на оваа Влада.  Во исто време, истите тие велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото. Истовремено тие во своите извештаи велат дека цутат криминалот и корупцијата и дека довербата во правсудниот систем е два-три проценти. Очигледно дека работите не функционираат. Логично е конструктивен и рационален човек кога ќе види проблем да бара решение.

Еве, ние понудивме решение. Во ред, еве, не се битни 600 илјлади гласови за оваа Влада, еве нека не се битни нашата програма и политиката. Доколку тие знаат за подобро решение, нека дојдат, нека го понудат и да го прифатиме. Еднаш за секогаш да ја вратиме довербата на граѓаните во судско – обвинителскиот систем. Вака, очиглено, не бива. Погледнете кои се нови членови на Судскиот совет и ќе ви биде јасно. Сведоци бевме на драмолетките во изминатиот период поврзани со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Ги повикувам и амбасадорите и експертската јавност ако имаат подобро решение нека го понудат, подготвени сме да разговараме и да прифатиме. Но, само нека не биде тоа решение како досегашното, зашто видовме дека тоа не е добро. Со монтирани случаи и политички нарачки, со луѓе жртви на прогон, или луѓе кои од криминалци стануваат чесни граѓани. Така понатаму не бива. Не бива. Довербата кај граѓаните е ниска. Граѓаните не се чувствуваат безбедни  Видовме како врховен судија прима мито. Мора да се стори нешто конкретно“, изјави премиерот Христијан Мицкоси денеска во Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ