сабота, 16 ноември 2024
Левица поднесе предлог декларација за осуда на Израел

Апасиев: Да не бидеме ноеви, Газа е детска гробница, но и гробница на човечноста

Со шал околу вратот каков што традиционално носат Палестинците, денеска лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев излезе на собраниската говорница и информира дека заедно со пратеникот Борислав Крмов, во името на партијата, во парламентот поднесоа предлог декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација. Декларацијата спикерот Талат Џафери не ја стави на гласање, зашто не е преведена на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека ние не треба да бидеме ноеви, да си ја пикаме главата во песок и да не проговориме во ова Собрание за најжешката точка на планетата во овој момент, која што има потенцијал да разгори и Трета светска војна и каде што, пред наши очи, ни се случува геноцид на Палестниците во Газа“, рече Апасиев.

Тој се повика на портпаролот на УНИЦЕФ и го цитираше: „Газа изминатите денови, стана гробница на илјадници дечиња и таа е жив пекол на земјата“!

Потенцијалот, односно бомбите кои се фрлени во Газа за само две недели, рече, за еден и пол пат ја надмина ударната моќ на нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима.

„Во овој парламент леевме крокодилски солзи за Украина. Чисто за споредба, во Украина загинаа не повеќе од 200 деца за две години, во Газа загинаа 5.000 дечиња за две недели! Оттука, да го дополнам портпаролот на УНИЦЕФ: Газа не е гробница само на илјадници дечиња, Газа е гробница и на човечноста! Го гледаме европското и американско лицемерие, кога едните животи се повредни од другите.

Во оваа Декларација предвидуваме и обврска за Владата да започне процес на меѓународно признавање и воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади со независната држава Палестина, во духот на југословенската традиција која што ја имаме. А бараме и од претседателот на Републиката итно да го отповика амбасадорот на Македонија во Обединети нации, затоа што гласаше воздржано за Резолуцијата за заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски”, рече лидерот на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ