Тој обвинувањата им ги упати и на републиканците и на демократите, а особено го критикуваше лидерот на конгресното мнозинство Стени Хојер, кој во петокот изјави дека „Америка е во војна“.
„Кога го слушнав лидерот на мнозинството како вели „време е за војна“, се прашав – кога тоа ние гласавме за да одиме во војна?“, праша Рој.
„Ако водиме посредничка војна и ако ѝ даваме на Украина 40 милијарди долари само затоа што сакаме да изгледаме „фенси“ со сино-жолти знаменца, и за да се чувствуваме добро во сопствената кожа, можеби би требало да имаме некаква дебата тука во оваа сала“, истакна Рој.
Тој е инаку еден од 57 конгресмени републиканци кои гласаа против давањето воена и економска помош на Украина, во вредност од 40 милијарди долари.
Сепак, предлогот помина, односно беше усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“, сега предлогот е во Сенатот, каде исто така се очекува да добие поддршка.
“I’m wondering when we voted to go to war?”
“If we’re gonna have a proxy war, and we’re gonna give $40 billion to Ukraine, because we want to look all fancy with our blue and yellow ribbons and feel good about ourselves, maybe we should actually have a debate in this chamber.” pic.twitter.com/ShJ8Ltcf5m
— Rep. Chip Roy Press Office (@RepChipRoy) May 18, 2022