сабота, 16 ноември 2024

Алијанса за Албанците одби на избори да оди со Гаши, Касами и Меџити

Самите нека одат на свадба, со секоја од тие три партии имаме лошо искуство, преку нас сакаат да го зголемат рејтингот и да освојат повеќе гласови од тоа што можат, а веќе сега му намигнуваат на мнозинството што ќе се формира по изборите, рече министерот за правда Кренар Лога од редовите на Алијанса на брифинг со новинари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што извести Нова Македонија од брифингот на кој говореа и министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, со тоа ја одби понудата од здружената албанска опозиција за заеднички изборен настап.

Инаку, Алтернатива, Движењето Беса и Демократско движење на Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити веќе неколку пати испратија порака до Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата и да ѝ се приклучат на опозицијата, предуредувајќи ги дека е извесно дека изборите в година ќе донесат промена на власта.

Денеска на собраниска седница со гласовите против на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не беше изгласана потребата од донесување на закон за амнестија, предлог на министерот Лога. Премиерот Димитар Ковачевски потоа на новинарско прашање рече дека тоа не треба да ја наруши владината коалиција бидејќи „секој пратеник има демократско право да гласа по свое убедување“.

Инаку, за средбата со новинарите Алијанса за Албанците објави соопштение во кое меѓу другото се вели дека министрите Алиу, Лога и Меџити разговараа за досегашните проекти, плановите за наредниот период, како и за актуелните политички случувања во земјава.

„Министрите го истакнаа фактот дека во периодот додека Алијансата за Албанците е во Владата има докажано поинакво владеење, направи разлика на политичката сцена како и дека воспостави нови практики на транспарентност и инклузивност во работата на институциите“, се вели во дел од соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ