сабота, 16 ноември 2024
Лидерот на ДУИ во Сопот

Ахмети: Сакавме да нема граница со Албанија, прагматизмот победи, иднината без граници е во ЕУ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска од меморијалниот комплекс на ОНА (УЧК) во Сопот порача дека некогаш имале идеали да немаат граница со Албанија, но дека прагматизмот, а не фанатизмот, победил, дека Албанците денеска се рамноправни граѓани во државата Македонија. Тој нагласи дека иднината на сите во Македонија е во ЕУ, во која заедница практично се бришат границите, па така и границите со Албанија и Косово, кога еден ден трите држави, како што рече, ќе бидат членки на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во спомен комплексот во село Сопот се потсетивме на една од најтемните епизоди во нашата национална историја, масакрот од 1944 година врз 64 жители на ова село. Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“, напиша Ахмети на својот фејсбук-профил.

д

Во Сопот Ахмети изјавил дека Албанците избрале во Македонија да бидат државотворен народ, да бидат свои господари и да се залагаат за сопствената држава.

„Ова знаме денес е и официјално и неприкосновено тука. И албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, рече Ахмети.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ