понеделник, 25 ноември 2024

Адвокатска комора: Подметнатиот пожар во Комората е напад врз адвокатурата и правниот систем

Откако ноќеска беше опжарен деловен простор на Адвокатската комора, од комората излегога со реакција на јавна осуда, укажувајќи дека пожарот бил подметнат од непознато лице по насилен упад во просторијата.

Објавено на

часот

Сподели

„ Адвокатската комора на  Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар. Пожарот за среќа беше брзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, а најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви.

Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората“, се вели во реакцијата на Комората.

Се цени дека нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во  Македонија.

„Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности. Ги повикуваме надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад. Ваквиот напад не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат најстрого казнети“, се порачува во реакцијата на Адвокатската комора и нагласуваат дека остануваат посветени на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ