сабота, 16 ноември 2024
Со присуство на сите верски поглавари

80 години од формирањето на Верско поверенство во Главниот штаб на НОВ и партизанските одреди

Со присуство на сите поглавари и претставници од сите верски заедници и цркви денеска во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) беше организирана свечена академија со која беше одбележана значајна годишнина – 80 години од формирањето на Верско поверенство во рамки на Главниот штаб на Народно ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Комисијата, Даријан Сотировски истакна дека 80 години по формирањето на Верското поверенство при Народно ослободителната војска и партизанските одреди се потсетуваме на тој исклучително важен чекор, чекор кој е прв во една низа дејствија и процеси коишто следат потоа, а резултираат со оформување на еден од значајните столбови на државноста на земјава.

„Со ова верско поверенство се зајакнува првата власт на првата ослободена територија на Македонија во време на Втората светска војна. Од Верското поверенство излегува и денешната комисија за односи со верските заедници како една од најстарите органи на државна управа, но и произлегуваат сите иницијативи кои значат денес, автокефална Македонска православна црква, возобновената наша древна катедра Охридска архиепископија, но и целокупниот модел на односите на современата македонска држава со сите верски субјекти во државата поставени на една квалитетна основа, онака како што и доликува на секоја современа и демократска држава“, посочи директорот на КОВЗРГ.

с

Тој изрази особено задоволство од присуството на сите поглавари на црквите и верските заедници во државата.

„Таа слика на единство во прославувањето на значајните датуми сметам дека е и една водилка за иднината затоа што само така, на тој начин ние заслужуваме да кажеме дека почнува да созрева државноста на нашите институции“, нагласи Сотировски.

На Свечената академија, со свои говори обраќање имаа Александар Литовски од Институтот за национална историја, деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Дејан Борисов, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. Стефан, како и домаќинот на настанот, директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски, а целата програма беше разубавена и со музички точки.

ц

Како што велат од КОВЗРГ, создавањето на Верското поверенство се смета за важен чекор во стекнувањето на целосна слобода на земјава, прекинување на туѓите јурисдикции и пропаганди и создавање на долгоочекуваните услови за обновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, како и увертира во формирањето на Комисијата за односи со верските заедници во 1945 година веднаш по ослободувањето, со што се поставуваат и уредуваат односите на македонската држава со сите верски субјекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ