вторник, 2 јули 2024

250 милиони евра за општините, за изградба на училишта, водоводи, патишта, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Парите се наменети за изградба на училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Владата, овој план е дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.

На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, бил утврден начинот на кој ќе се распределат средствата за општините. Според најавите, по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства.

Мицкоски напомена дека средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.

„Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби. Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното“, напиша Мицкоски на својот официјален фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ