На граѓаните им се придружија и пратеници на српската парламентарна опозиција, кои пред зградата на парламентот во Белград со црн флор 14 минути во тишина стоеја на улица.
Почит на жртвите симболично во Белград изразија и мали групи граѓани, сопирајќи на улицата Кнез Михајлова.
Novi Sad je stao na 14 minuta. #NoviSad #Srbija pic.twitter.com/aEsulBRwtd
— Radio 021 (@Radio021) November 15, 2024
По несреќата во Нови Сад граѓаните им изразуваат почит на настраданите палејќи свеќи и носејќи цвеќе, како и со протести на кои бараат политичка и кривична одговорност.
Во меѓувреме оставка, „од морални причини“, поднесе само министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, негирајќи вина за смртта на 14 луѓе и одговорност за тоа што натстрешницата се урна две години по реконструкцијата на станицата, која била двапати свечено отворана, еднаш во екот на предизборната кампања.
Истрагата за причините и одговорноста за уривањето на натстрешницата ја води обвинителството во Нови Сад, а досега се сослушани 70 лица, но никој не е притворен или уапсен.
Нов протест на кој се бараат оставки и одговорност од врвот на власта е закажан за Нови Сад во недела попладне.