Според кинеската државна агенција „Ксинхуа“, судирот се случил во раните утрински часови на автопат во провинцијата Хунан, во централниот дел на Кина. Судирот го предизвикал камион кога ја пробил заштитната ограда и потоа преминал на спротивната лента, при што удрил во автобусот. Девет луѓе загинале на местото на несреќата, а четворица им подлегнале на повредите на пат кон блиската болница.
Безбедноста во сообраќајот е голем проблем во кинеските провинции, каде што сообраќајните несреќи со смртни последици се честа појава поради лошото одржување на патиштата, но и лошите навики на возачите.