вторник, 2 јули 2024

Судијка од струмичкиот суд времено упатена за в.д. претседателка на беровскиот суд

Судскиот Совет денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршителка на должноста претседател на Основен суд Берово.  На денешната седница беше разгледан и Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на десет судии во Апелационен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Советот донесе одлуки дека се неспорни пријавите на судиите Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово, Бранка Наумоска, судија на Основен кривичен суд Скопје, Александра Поп Стефанија, судија на Основен суд Охрид и Јана Нацевска, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Советот донесе одлука постапката за овие четворица судии да продолжи, а комисијата понатаму да ја спроведе постапката.

На денешната седница, Советот го измени и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови во член 5 став 9.

По паузата Советот треба да расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите како и да одлучува по Известување oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија и да формира комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

На крајот од денешниот дневен ред е точката разно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ