сабота, 15 јуни 2024

Силно торнадо опустоши град во Ајова во САД, има загинати (ВИДЕО)

Силно торнадо синоќа зафати мал град во Ајова, при што загинаа неколку луѓе, а најмалку десетина се повредени, соопштија властите.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Речиси целата држава Ајова беше во „исклучително опасна ситуација“, според Националната метеоролошка служба, која издаде неколку предупредувања за торнадо. Сепак, најлошо помина Гринфилд, град со околу 2.000 жители.

Торнадото опустоши голем дел од градот, при што загинаа неколку луѓе, а десетици беа повредени.

„Можеме да потврдиме дека ова торнадо резултираше со повеќе смртни случаи, а десетина луѓе се пренесени во болници“, рече наредникот Алекс Динкла, портпарол на државната патрола на Ајова, за време на вечерната прес-конференција во Гринфилд. Динкла не даде број на загинати лица, но рече дека би можело да биде објавено подоцна денеска.

Бидејќи во невремето беше оштетена и локалната болница, повредените мораа да бидат префрлени во објекти во околните градови. „Беше страшно, навистина страшно. Само се молам сите да бидат безбедни и никој да не е повреден“, рече Валери Вориор, жителка на Гринфилд, во интервју за ТВ КЦЦИ, филијалата на Си-би-ес.

Гувернерот на Ајова Ким Рејнолдс прогласи „вонредна состојба на катастрофа“ во 15 окрузи, дозволувајќи државните ресурси да се користат во одговорот на бурата.

Најмалку три торнада беа пријавени во Минесота, Небраска и Колорадо, но немаше значителна штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ