сабота, 20 јули 2024

Украинските сили ракетираа станбена зграда во Русија, се извлекуваат луѓе од урнатините (ВИДЕО)

Станбена зграда во рускиот град Шебекино делумно се урна за време на напад на украинската војска, соопшти на Телеграм гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков. Според првичните информации, повредени се најмалку пет лица.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Три лица се префрлени во болница, а две одбиле хоспитализација па лекарска помош им била пружена на лице место. Вработени на руското министерство за вонредни ситуации стигнале на местото на настанот и спроведуваат операција на потрага и спасување.

Со помош на камиони со скали се евакуирани најмалку четири лица, додека уште две се извлечени од под урнатините. Центрите за привремено сместување се спремни за прифаќање на луѓето чии станови се уништени, пишува РИА Новости.

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова соопшти дека членови на нејзината канцеларија, заедно со омбудсманот на Белгородската област, исто така отишле во Шебекино.

„Уште едно злосторство на оружените сили на Украина против цивили во Русија се случи во Шебекино во Белгородската област. Како резултат на ракетен напад од Украина уништена е станбена зграда и загинати се луѓе во неа. Група вработени од мојата канцеларија заминаа на лице место да им пружат помош на жртвите“, истакна таа.

Иако Москалкова спомнува смртно настрадани, во официјалните информации нема наведено загинати во украинскиот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ