недела, 14 јули 2024

Претставата „Иванов“ на МНТ освои седум награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска доби седум награди.

Објавено на

часот

Сподели

1. Награда за рекламен материјал: Зоран Кардула.
2. Награда за кореографија и сценски движења: Александар Зарапчиев и Нина Деан.
3. Награда за сценографија: Илина Ангеловска, Тодор Дајевски, Зоја Бузалковска.
4. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“, за улогата Љвов, Евгениј Константинович: Григор Јовановски.
5. Награда „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога на Павел Кирилич Лебедев оди во рацете на првенецот Ѓорѓи Јолевски.
6. Награда за главна женска улогата на Саша, ќерката на Лебедеви, ја доби Дарја Ризова.
7. Награда за режија ја доби Зоја Бузалковска.
Од МНТ наведуваат дека наградите беа доделени од страна на фестивалската жири-комисија во состав: Д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев– театарски критичар, авторка, драматург, професор по историја на светска драма и театар на Катедрата за теорија и историја на драмските уметности и анализи на драмското творештво на Катедрата за драматургија при Академијата за уметности при Универзитетот во Нови Сад, Д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ – стилистичарка и професор на Академијата за сценски уметности и на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, БиХ и Варја Ѓукиќ– актер, автор и директор на фестивалот „Одакле зовем“ – Подгорица, (2009).
Наградите ќе бидат врачени вечер на свеченото затворање на фестивалот во 19.30 часот во НУЦК „Марко Цепенков“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ