Честитката на Бајден е саркастична и во неа на Трамп му пишува дека „годините се само бројка“, што се однесува на бројните коментари на јавноста за нивната возраст. Бајден во честитката вклучи и видео во кое ги споредува своите достигнувања со постапки и коментари на Трамп.
Happy 78th birthday, Donald. Take it from one old guy to another: Age is just a number.
This election, however, is a choice. pic.twitter.com/8KssiJuJwQ
— Joe Biden (@JoeBiden) June 14, 2024
Бајден стана најстариот претседател на САД кога ја презема должноста на возраст од 78 години. Во ноември ќе наполни 82 години.
За време на собир во Лас Вегас за време на минатиот викенд, Трамп на своите поддржувачи им кажа дека проблемот не е тоа што Бајден е стар, туку што е неспособен.