вторник, 23 јули 2024

Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри од ЗНАМ

Централниот одбор на ЗНАМ вечерва ги утврди двајцата кандидати за министри во новата влада. Игор Филков и Горан Минчев се двајцата членови на ЗНАМ кои претендираат да бидат идните министри за правда односно за јавна администрација.

 

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов на прес конференција кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие сѐ уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон во власта односно за директорски функции.

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска денеска беше избрана за една од тројцата потпретседатели на Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ