четврток, 19 септември 2024
Стефан Митиќ

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Зошто САД се плашат од ТикТок?

ТикТок можеше да биде позитивна сила за промени во американската технолошка индустрија. Наместо тоа, тие ангажираа скапи лобисти и дури ги мобилизираа своите американски корисници да ги повикаат своите претставници во Конгресот.

Загриженоста дека кинеската Влада би можела да има пристап до податоците на корисниците преку апликацијата за кратки видеа ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, ја поттикна американската влада да донесе закон за забрана на оваа платформа, освен ако не се продаде на купувач однапред одобрен од неа.

Откако претседателот Бајден го потпиша законот со кој на БајтДенс му се дава рок од една година да се откаже од ТикТок, компанијата ја тужеше федералната влада, во случај што најверојатно ќе заврши пред Врховниот суд. ТикТок сега е една од најголемите приказни во бизнисот и геополитиката.

Неизвесност и можната закана за национална безбедност

Според нацрт-законот што Конгресот го одобри во април, БајтДенс мора да се одвои од ТикТок до јануари 2025 година или ќе се соочи со забрана низ целата земја. Овој потег уследи откако американските власти предупредија дека популарната платформа носи ризици за националната безбедност, делумно затоа што БајтДенс според кинескиот закон може да биде принудена да ги сподели со Пекинг личните информации на 170-те милиони Американци кои ја користат апликацијата.

Министерството за правда на САД, исто така, тврди дека вработените во БајтДенс и ТикТок во Кина би можеле да собираат масовни информации за корисниците врз основа на содржината, вклучувајќи мислења за религијата, абортусот или контролата на оружјето.

Дополнително, БајтДенс може да ги препознае корисниците преку нивните уникатни идентификатори на уреди, АјПи (IP) адреси и други информации за идентификација. Во мај, ТикТок и БајтДенс ја тужеа американската влада да го блокира нацрт-законот, тврдејќи дека е неуставен и го прекршил Првиот амандман, кој ја штити слободата на говорот. ТикТок негираше дека кинеската влада има каква било контрола врз апликацијата или дека му предала какви било податоци на Пекинг. Во своите поднесоци, Министерството за правда ја бранело уставноста на законот, тврдејќи дека законот не покренува прашања со Првиот амандман бидејќи се фокусираше на заканите за националната безбедност.

Законодавците во САД се повеќе изразуваат загриженост дека ТикТок и БајтДенс, може да ги достават податоците на корисниците, како информациите за локацијата,  на кинеската влада. Тие укажуваат на законите кои ѝ дозволуваат на кинеската влада тајно да бара податоци од кинески компании и граѓани за операции за собирање разузнавачки информации.

Американските власти се загрижени дека Кина би можела да ги користи содржинските препораки на ТикТок, во форма на страницата „За тебе“, за да има пролиферација на дезинформации, нешто што може да ескалира во САД за време на претседателските избори. ТикТок долго време ги негираше овие обвинувања и се обидуваше да се дистанцира од БајтДенс.

Европа и земјите низ светот

Што значи ова за Европа? Европската Унија има строги регулативи за заштита на податоците, како што е Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), која има за цел да ги заштити податоците на корисниците и приватноста.

Дали некои други земји го забранија ТикТок? Да, Индија го направи тоа во 2020 година, со што БајтДенс загуби еден од нејзините најголеми пазари. Индиската  Влада забрани стотици апликации во кинеска сопственост, тврдејќи дека тие тајно ги пренесуваат податоците на корисниците на странски сервери.

Расправиите во Вашингтон поттикнаа пошироко преиспитување меѓу другите пет најголеми економии за присуството на пренос на кориснички податоци. Други земји и владини тела – вклучувајќи ги Британија и нејзиниот парламентАвстралијаКанадаизвршната власт на Европската Унија и Парламентот на Нов Зеланд – ја забранија апликацијата во официјални канцеларии. Тајванскиот министер за дигитални прашања неодамна го прогласи ТикТок за опасен производ што претставува закана за националната безбедност.

Импликациите врз САД

Како би функционира забраната во САД? Механиката на забраната е насочена кон продавниците за апликации, како оние со кои управуваат Епл и Гугл: ако тие го дистрибуираат или ажурираат ТикТок, федералната влада може да ги казни. Напорот за принудна продажба на ТикТок веќе создава шпекулации за потенцијалните купувачи, како групата инвеститори собрани од поранешниот министер за финансии, Стивен Мнучин.

Пристапот „продавај или биди забранет“ ги загрижува застапниците за дигитални права дека САД можеби ја поткопуваат нивната улога во промовирањето на отворен и бесплатен интернет што не е контролиран од поединечни земји. Но, сепак, речиси ниту едно друго прашање не може да ги обедини двете големи американски партии како што тоа го направи ТикТок.

Кога ќе стапи на сила забраната? Точниот механизам за забрана на апликација од телефони во приватна сопственост е нејасен. ТикТок засега сè уште ќе биде достапен во САД.

За решавање на овие прашања може да бидат потребни месеци или години. Повеќето од постојните забрани на ТикТок се воведени од влади кои имаат моќ да ја задржат апликацијата исклучена од уредите или мрежите што ги поседуваат и управуваат.

Политиката на Бајден

Бајден ја поддржа легислативата додека неговата кампања го користеше ТикТок. ТикТок соопшти дека во 2022 година поднел предлог од 90 страници во кој детално се опишува како планира да работи низ Америка, а истовремено да одговори на грижите за националната безбедност. И покрај загриженоста на администрацијата, кампањата за повторната кандидатура на Бајден првпат се појави на апликацијата за време на Супер Боул.

Во споредба со креаторите на политиките во другите земји, американските законодавци обично не сакаат да го регулираат бизнисот, а многумина американски активисти претходно се спротивставија на присилната продажба на ТикТок поради страв дека може да ја поткопа слободата на говорот.

Повеќето законодавци се согласуваат дека кога регулативата навистина ќе се случи, таа треба да прејде преку релативно високата граница за опслужување на јавниот интерес.

До пред еден месец, главната грижа од јавен интерес беше приватноста на податоците. Прашања како: кој може да пристапи до податоците на корисниците – се релевантни за сите големи платформи за социјални медиуми.

Во текот на изминатата деценија, Конгресот одржа многу расправи за ова прашање, често насочени кон големи американски компании како Мета и Гугл.

Според законите што Кина ги донесе во 2017 и 2021 година, сите кинески организации се обврзани да помогнат во работата на владата за собирање разузнавачки информации и за контрашпионажа доколку тоа биде побарано.

Стратегиските грешки на ТикТок

ТикТок вети дека ќе ги складира податоците на Американците на сервери надвор од Кина. Тоа не ги задоволи американските безбедносни службеници.

Сепак, во еден момент, имаше надеж за практично решение. ТикТок можеше да го реши проблемот во своја полза, како на пример, со инвестирање во заштитни мерки за податоци. Можеше да се сретне со американските законодавци на половина пат и да му пристапи на прашањето проактивно, транспарентно и во духот на соработката. Така, ТикТок можеше да биде позитивна сила за промени во американската технолошка индустрија.

Наместо тоа, ТикТок усвои агресивен став, ангажираше скапи лобисти и, во катастрофален погрешен чекор, дури ги мобилизираше своите (претежно млади) американски корисници да ги повикаат своите претставници во Конгресот. Пораките кои им се појавуваа на екранот, ги повикаа корисниците „Кажете му на Конгресот што значи ТикТок за вас и кажете им да гласаат НЕ.“ Некои конгресни канцеларии примија повеќе од 1.000 повици во еден ден.

Многумина од оние кои се придружија на кампањата се чинеше дека не ни знаеја за што протестираат. Компанија во странска сопственост покажа колку е лесно да се манипулира со своите корисници за да им служи на сопствените интереси, потврдувајќи дека цело време знаела колкаво политичко влијание може да изврши. Одеднаш, и разбирливо, фокусот во САД се префрли од манипулација со руските гласачи на манипулација со кинеските гласачи.

Можеби ништо не можеше да го спаси ТикТок од законската регулатива за присилна продажба, со оглед на моменталната геополитичка клима. Но, јасно е дека агресивната стратегија на компанијата се изјалови. ТикТок го започна она што многумина го гледаа како напад на американската демократија и на крајот обезбеди мнозинства што беа потребни за да се протурка законот во Конгресот.

Иднината на ТикТок во САД сега е неизвесна.

Стефан Митиќ

(Преземено од Республика)

КОЛУМНИ

Рајко Пеколски

Одложено дејство

Драган Даниловски

Oд јавно-здравствен аспект, седиме на „буре барут“!

Бранко Прља

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Самуел Колономос Садикарио

Историска комисија

Ристо Цицонков

Вoзнемирувачка иднина (3)

Рајко Пеколски

Зaкон за смрт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ