петок, 4 октомври 2024

Продолжуваат археолошките истражувања на наколната населба Мрдаја во Дојран

Археолошките истражувања на езерската наколна населба Мрдаја во Дојран, продолжија на 10 овој месец и заради високото ниво на езерото се истражува просторот на брегот оддалечен триесетина метри јужно од позициите истражувани во периодот од 2012 до 2014 година, информираа денеска од НУ Завод за заштита на споменици на култура и музеј-Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

„Просторот кој се истражува е со димензии 10 х 5 метри, а културниот слој се појавува на длабочина од околу 1,5 метри. Низ, речиси целиот ископ се појавува огромно количество садова керамика од погруби садови, пред се садови за складирање на прехранбени продукти, но и подвижни печки“, стои во информацијата.

Археолозите, според наодите од материјалната култура, населбата рамковно ја сместуваат во доцното бронзено време и преодниот период на бронзеното и железното време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ