Според неа, тоа што сега се случува на територијата на Украина претставува „одложен план на војна против СССР кој го развиле Англосаксонците“.
„Се чини дека само барале будала која сето ова може да го направи. Но, изгледа дека сите овие децении не се родило такво „суштество“, како што Зеленски се изразуваше. Тој така ги нарекуваше угледните, чесни, добри луѓе кои се бореа само за едно – да им ги остават јазикот, културата, историјата, спомениците и нивните херои. Зеленски жителите на Донбас ги нарекуваше „суштества“, а сега тој самиот ќе влезе во историјата како таков“, кажа Захарова.
Судејќи по сè, на англосаксонскиот свет му требаше токму таков – со своите страсти, амбиции, бескрајна жед за пари и зависност од наркотици – за да го спроведе планот за војна против Русија и попат ја уништи сопствената држава која народот му ја довери на управување.
Захарова потсети на снимката на Зеленски како „клечи пред народот на Украина за да ја добие функцијата претседател на земјата, барајќи прошка и ветувајќи дека ќе ги поправи сите грешки“.
„Запомнете ја таа снимка. Бидејќи тоа „суштество“ го направи токму спротивното од она што го ветуваше и за што бараше прошка за злосторствата. Зеленски ги повтори и ги умножи грешките, но го направи онака како што никој не можеше да замисли. А зад сето тоа стојат Англосаксонците“, оцени Захарова.