среда, 16 октомври 2024

Вреди: Завршува ерата на онлајн игрите на среќа

Го усвоивме автентичното толкување на Законот за игри на среќа, со што завршува ерата на онлајн игрите на среќа, соопшти денеска коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните веќе се изразија јасно и недвосмислено: не сакаат нивните деца да растат во средина каде што коцкањето станува секојдневие. Затоа, на барање на парламентарното мнозинство го усвоивме автентичното толкување на Законот за игри на среќа, со што ја завршивме ерата на онлајн игрите на среќа“, соопшти Вреди.

Денеска и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги разгледувала на погрешен начин, спротивно законите, издадени лиценци за приредување игри на среќа преку онлајн или интернет.

Нашиот план за справување со последиците од игрите на среќа е јасен и дециден, се вели во соопштението на Вреди.

„Да се ​​покрене судска постапка за злоупотреба на службените позиции и овластувања на сите кои учествувале во носење незаконски одлуки поврзани со игри на среќа.

Да се ​​намали бројот на објекти за коцкање за најмалку 50%, да се намали штетното влијание на игрите на среќа врз општеството.

Да се ​​предложи нов закон за игри на среќа со кој ќе се ограничат штетните активности и ќе се овозможи строго регулирање на оваа индустрија.

Остануваме посветени на својата мисија – да се бориме против корупцијата, да го заштитиме народот и да градиме здрава и правична иднина за сите нас“, соопштија од Вреди.

Здржението на спортски обложувалници веќе подолго време протестира против издавањето лиценци на странски компании за онлајн обложување, бидејќи истото не им беше дозволено и на постоечките фирми во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ