Тој на самитот на европската политичка заедница во Лондон рече дека ќе бидат уништени неколку локации за лансирање руски ракети насочени кон украински цивили, со тоа ќе се намали способноста на Русија да ја продолжи војната.
Зеленски истакна дека Украина ги запрела руските војници во близина на Харков, а Путин „жртвувал десетици илјади војници, но не постигнал ништо значајно“, пренесува Би-би-си.
Претседателот на Украина додаде дека Путин не успеал да ја постигне својата главна цел, а тоа е да создаде поделба во Европа.
Тој вети дека ќе создаде „долготраен мир во Европа“ и им се заблагодари на партнерите кои се залагаат за членство на Украина во ЕУ и НАТО. Зеленски ги повика сите земји да ги поддржат мировните напори и да покажат лидерство.
„Потребни се заеднички напори за мир. Кога губи агресорот, победува светот“, рече Зеленски.