понеделник, 9 декември 2024

Путин: Ако Украина добие нуклеарно оружје ќе удриме со сè што имаме

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Русија ќе го употреби сето расположливо оружје против Украина доколку Киев добие нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Њујорк тајмс минатата недела извести дека некои неименувани западни функционери сугерирале дека американскиот претседател Џо Бајден би можел на Украина да ѝ испрати нуклеарно оружје пред да ја напушти функцијата.

„Ако земја со која сме биле во војна стане нуклеарна сила, што ќе правиме? Во тој ќе ги употребиме сите, сакам тоа да го истакнам, баш сите средства за уништување кои ѝ се на располагање на Русија. Сите. Ние тоа нема да го дозволиме. Ќе го набљудуваме секој нивен чекор“, кажа Путин на прес-конференција во Астана во Казахстан.

„Ако некој такво нешто пренесе официјално, тогаш тоа би било кршење на сите обврски за неширење на нуклеарното оружје кои ги преземале“, истакна рускиот претседател.

Путин кажа и дека е практички невозможно Украина да произведе нуклеарно оружје, но дека би можела да направи некаков вид „валкана бомба“, конвенционална бомба измешана со радиоактивен материјал за ширење на контаминација. Во тој случај Русија би одговорила соодветно, кажа Путин.

Украина наследи нуклеарно оружје од Советскиот Сојуз по неговото распаѓање во 1991 година, но се откажа од него со Будимпештанскиот договор во 1994 година, во замена за безбедносни гаранции од САД, Британија и Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека поради тој чекор на неговата земја ѝ е ускратена безбедноста и го наведе тоа како причина поради која Украина би требало да биде примена во НАТО, на што Москва остро се противи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ