среда, 11 декември 2024

Ѓорческа пропушти меч топка и доживеа елиминација од турнирот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Италија откако денеска во четвртфиналето беше поразена од Американката Тира Катерина Грант.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа имаше фантастичен почеток на мечот, првиот сет го доби со 6-1, но потоа се променија работите.

Македонката добро го почна и вториот поведе со 3-1, но Грант се врати и успеа да го однесе сетот во тајбрејк, а таму да го добие со 7-5 и да израмни на 1-1.

Во третиот решавачки сет Ѓорческа при свој сервис водеше со 5-4, имаше 40-30, но не ја искористи меч топката. Противничката и овој сет го однесе до тајбрејк, а во него беше подобра со убедливи 7-1 за победа од 2-1 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ