петок, 13 декември 2024

Германија повторно ќе распореди ракетни системи „патриот“ во Полска

Германија се подготвува повторно да распореди систем за противвоздушна одбрана „патриот“ во Германија, јавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави германската новинска агенција ДПА, Германија планира привремено да распореди системи за противвоздушна одбрана и трупи во регионот Жешов на југоистокот на Полска.

Се очекува распоредувањето на системот „патриот“ и војниците да почне во јануари 2025, а извидувачките акции ќе почнат уште во следните денови.

Како што наведува ДПА, Жешов има стратегиско значење за поддршката на Киев, а целиот регион игра важна улога на логистички центар за воената помош на Западот за Украина.

За да го заштити воздушниот простор на Полска, Германија меѓу јануари и ноември 2023 распореди три системи „патриот“ на две различни локации во близина на градот Замошч и испрати околу 320 војници за управување со ракетните системи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ