Забраната доаѓа откако ЕХФ објави кодекс на однесување за навивачите што ќе ги следат натпреварите на ЕП во Србија, со кој безмалку порачува воопшто да не размислуваат за создавање навивачка атмосфера. Во салите нема да смее да се внесат големи држaвни знамиња, дозволени се само три тапани и еден мегафон, а нема да биде дозволено и гласно навивање (!?).
[media url=”http://www.youtube.com/watch?v=MRgWRUB6LfA” width=”500″ height=”350″
Секој навивач ќе мора индивидуално да помине низ детектор, а забрането е внесување монети, запалки, секаков вид пиротехника, шишиња, лименки, спрејови, но и средства што предизвикуваат голема врева и звучни ефекти. Не се дозволени ниту свирчиња, рогови и други звучни и светлосни системи што би можеле да попречат во одвивањето на натпреварот.
Не е дозволена ниту облека што би можела да отсликува навредлива содржина, не смее да се внесат знамиња со огромни размери (дозволени се само мали знамиња на земјата-учесник, и тоа не во облик на барјак). Србите забранија продавање и консумирање алкохолни пијалаци два часа пред и два часа по завршувањето на натпреварот и на оддалеченост од еден километар од спортските арени во Белград, Ниш и во Нови Сад, како и 300 метри од салата во Вршац.
Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапува во групата во Ниш, а повеќе од 3.000 Македонци се подготвуваат да заминат и да ја бодрат нашата селекција.
[video:http://www.youtube.com/watch?v=QBvCPNSdXaQ]