четврток, 5 декември 2024

За Шакири не е неуспех што 800 македонски граѓани се запишале на студии на Универзитетот во Љубљана

Објавено на

часот

Сподели

„Секој одлучува сам каде сака да се запише, навистина не го сметам за неуспех, бидејќи и нашето Министерство има дадено придонес во договорите што ги има во билатералните соработи со Република Словенија. И ние сме во фаза на подготвување на кадар, ние сме мала земја, секое добро искуство добиено и внатре и надвор ако сите заедно ги сумираме мислам дека ќе дадат добар придонес во наредниот период во нашите виосокообразовни институици да имаме подобар успех, имаме и ние студенти што доаѓаат кај нас, од Турција, Албанија, дури и од Шпанија. Младите треба сами да одлучуваат, а ние треба одговорно да работиме за да создадеме што подобри услови. Тие што се запишуваат во Словенија гледаат добра можност, секое нивно добро искуство ние како земја треба да го искористиме во наредниот период“, вели Шаќири.

На прашање дали мисли дека постои начин да се вратат македонските студенти од Словенија, министерот одговори дека нашата работа и искуство повеќе ќе се вреднува ако даваме придонес во нашето општество.

„Колку сме задоволни со тоа колку се враќаат искрено кажувам дека има одредена бројка која сака и студира надвор за да даде придонес за нашата земја, има и од тие студенти кои завршуваат, но едно ќе кажам ако сакаме сите да дадеме придонес за во нашата земја да биде подобро сите треба да размислиме, бидејќи нашата работа и искуство повеќе ќе се вреднува ако даваме придонес во нашето општество. Ние можеме да бидеме 20 или 30 години надвор од нашата земја да го искористиме искуството, но секогаш ќе се вратиме во нашата земја и секое добро, секој што треба да даде придонес и да ќе треба сите да работиме за подобри услови, на пример, тие што завршуваат за ИТ инженери сега имаат добри услови во нашата земја, ќе треба да работиме за подобри услови во здравството, јас одговорно кажувам дека ќе треба да работиме за подобри услови во основното, средното и високото образование, бидејќи ние кога ќе имаме подобри услови, и тоа што се очекува од нас ќе имаме простор да очекуваме и ние повеќе од нив, да очекуваме да го дадат придонесот во нашата земја. Јас секогаш имам надеж дека најголемиот успех и најголемото докажување секој може да го постигне во земјата од каде доаѓа“, кажа Шаќири.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ