„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, велат од Врховен суд.
Во јули минатата година Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание” и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”.