Доброволната крводарителска акција во клиниката „Жан Митрев“ е традиционална активност која се организира по четврт пат и е дел од потпишаниот меморандум за крводарителство со Blood Bank TENK.
Се организира двапати годишно кога во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија, се донираат значајни количини крв за потребите на Институтот.
Со одржувањето на редовни крводарителски акции доброволното крводарителство во клиниката „Жан Митрев“ добива се поголема масовност и поддршка од голем број вработени и нивните семејства. На овој начин клиниката и индивидуално секој од вработените придонесуваат за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство.