МНР било информирано од македонската Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот 65 годишниот Р. И. додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.
„Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, информираше вечерва МНР.