четврток, 5 декември 2024

Во САД почнува продажбата на пиштоли кои работат на технологија на препознавање на лице и отпечаток од прст (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е развој на персонализирано оружје кое можат да го користат само проверени корисници односно сопствениците на оружјето, пренесува Ројтерс.

Функционирањето на пиштолот на компанијата Бајофајр може да биде овозможено со читач на отпечатокот на прстот, една од неколкуте функции на паметниот пиштол, дизајнирани да се избегнат случајни пукања на деца, да се намалат самоубиствата, да се заштитат полицајците од одземање на пиштол или да го направат изгубеното и украденото оружје бескорисно.

Прототипот на пиштолот, како што пренесува британската агенција, двапати не испукал за време на тест во кој Ројтерс имал увид.

Основачот на компанијата и извршен директор Кај Клопфер вели дека софтверот и електрониката се целосно тестирани, и дека дефектот се однесува на механичкиот дел кој е направен од предпроизводни и прототипски делови.

Во други моменти, за време на демонстрацијата, оружјето успешно пукало и се чинело дека функционира технологијата за препознавање лице.

Првите верзии на пиштолот од 9 милиметри кои се спремни за потрошувачите би можеле да им се испорачаат на купувачите кои однапред ги нарачале веќе во четвртиот квартал оваа година, а стандардниот модел од 1.499 долари би можел да биде достапен до вториот квартал на 2024, соопшти Бајофајр.

Тоа може да го направи првиот комерцијално достапен паметен пиштол во САД откако Арматик накратко излезе во продажба во 2014. Американските компании Лод стар воркс и Фри стејт фајрармс исто така се обидуваат да пласираат паметни пиштоли на пазарот.

Во демонстрациите во седиштето на компанијата Бајофајр во Брумфилд во Колорадо, Клопфер на почетокот испукал куршум без проблем и го спуштил пиштолот. Потоа друг човек, неовластен корисник, почнал да пука, но не успеал бидејќи пиштолот не го препознал неговото лице, ниту отпечатокот на прстот, како што тоа бара безбедносната функција.

Клопфер потоа се вратил повторно да пука. Во тој момент пиштолот неочекувано кликнал во два наврати, иако испукал при следното повлекување на орозот. Потоа бил донесен уште еден прототип и тоа оружје функционирало како што треба.

Многу ентузијасти се скептични кон технологијата на паметното оружје, загрижени за ситуации кога оружјето е потребно за самоодбрана.

„Не направив само производ, туку цела компанија околу себе. Целта е да направиме исклучително сигурен производ кој секогаш ќе се отклучи за вас кога ќе го земете и никогаш нема да се отклучи кога ќе го најде вашето дете“, кажа Клопфер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ