четврток, 21 ноември 2024
Со израелски дрон

Во Бејрут убиен заменик-лидерот на Хамас (ВИДЕО)

Во експлозија во Бејрут денеска загина Салех ал-Арури, висок функционер на палестинската милитантна група Хамас и уште петмина други, соопштија претставници на Хамас и на либанската група Хезболах, пренесе АП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Либанската државна Национална новинска агенција прво соопшти дека во експлозијата загинале четири лица и дека била извршена од израелско беспилотно летало, а подоцна либанските официјални државни медиуми соопштија дека бројот на загинатите од експлозијата во јужен Бејрут се искачил на шест.

Меѓу загинатите е и заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, Салех ал-Арури.

Израелските власти одбиле да коментираат. Како одговор на прашањата на Ројтерс, израелската војска рекла дека не одговара на информации во странските медиуми.

Салех ал-Арури е убиен вечерва во напад на израелско беспилотно летало врз јужното предградие на Бејрут Дахије, упориште на сојузничката либанска милитантна група Хезболах, рекле три безбедносни извори за Ројтерс.

Ако Израел стои зад нападот, вели АП, тоа може да означи голема ескалација во конфликтот на Блискиот Исток. Лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах, вети дека ќе возврати на секое израелско гаѓање на палестински претставници во Либан.

Официјалниот претставник на Хамас Басем Наим потврдил за Асошиетед прес дека Арури бил убиен во експлозијата. Официјален претставник на Хезболах, кој сакал да остане анонимен, исто така рекол дека Арури е убиен.

Арури беше висок функционер во политичкото биро на Хамас и исто така беше еден од основачите на неговото воено крило, бригадите Касам, кои го извршија крвавиот напад на израелска територија на 7 октомври. САД минатата година понудија 5 милиони долари за информации за него.

Членот на политбирото на Хамас Изат ал-Шарк рече дека тоа е „кукавичко убиство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ