вторник, 26 ноември 2024

Владата одобри средства за хидросистемот што го полни Дојранското Езеро

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов денеска објави дека иницијативата на Општина Дојран, т.е.  информација испратена до Владата, за состојбата на Дојранското езеро е прифатена и Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да одвои средства за реконструкција на хидросистемот и тој да биде пуштен во употреба.

Објавено на

часот

Сподели

Во информацијата доставена од Владата до Општината се наведува дека на 5 овој месец била разгледана и усвоена информацијата за ставање во функција на хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ за дотур на вода во езерото.

„Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да предвиди и алоцира финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот ‘Спас за Дојранското Езеро’ и негово ставање во функција, за да обезбеди дотур на вода во Дојранското Езеро, со цел за спречување на голема еколошка катастрофа, со оглед на фактот дека моменталната ситуација со нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум“, наведено е во информацијата од Владата.

Инаку за утре е закажана голема еколошка акција за чистење на крајбрежјето на езерото, која ја организира Општината со цел, како што се наведува во поканата, „да се покаже дека сите сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер,Дојранското Езеро“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ