среда, 11 декември 2024

Одржана конститутивната седница на новиот состав на Комисијата за помилување

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на својот Фејсбук-профил објави дека ја одржала конститутивната седница на новиот состав на Комисијата за помилување.

Објавено на

часот

Сподели

„ На членовите им посакав успешна работа. Ја нагласив важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања.

Уверена сум дека комисијата, со своето професионално постапување, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности“, напиша Силјановска- Давкова.

Претседателка на комисијата е  д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и: проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Претходниот состав на комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ