среда, 11 декември 2024

Казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции. Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Напоменуваме дека и во периодот што следи ќе продолжиме со зајакнати контроли на секоја рампа на Коридорите 8 и 10“, велат од ЈПДП.

Воедно, ЈПДП побарало поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на Фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ