среда, 4 декември 2024
До наставниците и целата стручна јавност

МОН повикува сите кои забележале грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение, да ги достават

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни.

„Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа“, се наведува во повикот.

Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси:  [email protected] и [email protected], најдоцна до 15 декември 2024.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ