среда, 11 декември 2024

Министерот Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол, со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.

„ Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата“, потенцирал министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ