петок, 8 ноември 2024

Вицепремиерот Битиќи сега вели дека до крајот на годината ќе има решение за функционерските плати

По повеќе од два месеци откако се даваат изјави дека законското решение за намалување на функционерските плати само што не е готово, сега вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека до крајот на идната недела или до крајот на годината работната група ќе го подготви законскиот предлог. Платите на функционерите од март годинава се зголемени за 78 проценти што предизвика револт кај повеќе структури на вработени и кај пензионерите кои протестираат со барање за повисоки пензии.

Објавено на

часот

Сподели

„Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието“, рече Битиќи.

Потоа, како што објасни, тоа ќе биде поднесено пред пратениците од кои барем 61 ќе треба да се одважи и да гласа за да биде донесен законот.

„Кажав дека строго стојам на ставот дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител“, рече Битиќи.

Тој потсети дека станува збор за 1.260 функционерски плати – на судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…

„Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот“, изјави Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ