среда, 11 декември 2024

Министерот Љутков формира Совет за култура

Во Порта Македонија во Скопје денеска се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на Министерството за култура и туризам.

Објавено на

часот

Сподели

Членови на советот се: проф. д-р Ганка Цветанова (претседател), проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.
„На првата конститутивна седница им се заблагодарив на сите присутни за нивната посветеност и вложен труд. Истакнав дека оваа седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја. Нивната улога не е само советодавна, туку и стратешка, бидејќи препораките и иницијативите од Советот ќе бидат основа за донесување на важни одлуки кои ќе влијаат на обликувањето на културните процеси во Македонија“, напиша на својот фејсбук-профил по седницата министерот Зоран Љутков.
Тој смета дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на македонското културно наследство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ