вторник, 10 декември 2024

Во понеделник почнува продажбата на влезници за дуелите на Македонија со Летонија и Фарски Острови

Од понеделник 11 ноември ќе почне продажбата на билетите за натпреварите од Лигата на нации на Македонија против Летонија и Фарски Острови, цените се 200 и 400 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 14. ноември ја пречекува Летонија, а на 17. ноември сме домаќини на Фарски Острови, двата натпревари се играат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа се двата последни натпревари од оваа сезона во Лигата на нации и се клучни за заверка на првото место.

Цената на влезниците за јужната и северната трибина е 400 денари, за источната и западната по 200 денари.

Продажбата на билети за натпреварите Македонија – Летонија и Македонија – Фарски Острови ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ