среда, 4 декември 2024

Мемеди: Неофицијалните информации од Клиниката за детски болести имаат политичка тенденција

По трите смртни случаи во временски период од еден месец на Клиниката за детски болести и реакциите во јавноста, на фејсбук- профилот се огласи директорот на клиниката, Реџеп Мемеди, откривајќи дека стапката на смртност во некои од претходните години, била три пати поголема од годинава.

Објавено на

часот

Сподели

Тој  смета и дека „ информациите кои неофицијално се лиферуваат од Детската клиника често имаат политичка тенденција, а за информаторите не е важен животот на децата, туку директорската фотелја!“. Мемеди најави и прес- конференција со официјални информации, наредната недела.

„ Децата ни се најомилени, животот на секое дете вреди повеќе од сé, но за волја на вистината и за правилно информирање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника!

Во оваа табела јасно се гледа дека во изминатите години – кога се знае кој бил на власт – стапката на смртност во Детската клиника била и до 3 пати поголема во однос на годинава! Просечно имало и по 9 смртни случаи месечно!

За овие официјални информации и други, следната недела ќе ја запознаена целокупната јавност преку медиумите, на прес-конференција.

Во овие 4 месеци додека сум в.д директор на Универзитетската клиника за детски болести, додека ја скенирав состојбата на Детска Клиника наидов на многу проблеми наталожени и нерешени со години!

Некои од нив се високоризични дефекти, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно санирање.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите работи што ги реализираме на Клиниката за детски болести“, пишува на Фејсбук, директорот на Универзитетската клиника за детски болести, Реџеп Мемеди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ