понеделник, 9 декември 2024

Епохално археолошко откритие кај Охрид

Во близина на Охрид,  најстарото населено место во светот каде со милениуми во континуитет битисувале разни цививилизации, деновиве е откриено вредно археолошко наоѓалиште кое фрла ново светло на животот на ова поднебје во далечното минато, jaвува порталот Охридњуз.

Објавено на

часот

Сподели

Извори за Охрид 1 велат дека е пронајдена златна маска, златници и други значајни пронајдоци. Археолозите очекуваат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и дека има „цел град“ под земјата.

Локалитетот соодветно е обезбеден и заштитен.

Одговорните лица директно вклучени во археолошките истражувања со кои контактираше Охридњуз, велат дека се работи за епохално откритие во рангот на богатата археолошка ризница од Требеништа.

Што точно е пронајдено, каде,  од кој период потекнуваат артефактите кои според стручњаците имаат исклучителна вредност, како и други детали кои јавноста со нетрпение ги очекува, ќе биде соопштено утре на прес конференција во Охрид на која ќе присуствува министерот за култура Зоран Љутков.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ