четврток, 5 декември 2024

Вештачката интелигенција помогна да се открие нов антибиотик против супербактерија

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот бил моќен, експериментален антибиотик наречен абауцин, на кој ќе му треба дополнително тестирање пред да може да се користи. Истражувачите во Канада и САД велат дека вештачката интелигенција има моќ во голема мера да го забрза откривањето нови лекови.

Тоа е последниот во серијата примери за тоа како алатките за вештачка интелигенција може да бидат револуционерна сила во науката и медицината. Антибиотиците ги убиваат бактериите, но со децении има недостиг од нови лекови, а бактериите стануваат сè потешки за лекување бидејќи развиваат отпорност на постојните лекови.

Повеќе од милион луѓе годишно умираат од инфекции што му одолеваат на антибиотскиот третман. Истражувачите се фокусирале на еден од најпроблематичните видови бактерии – Acinetobacter baumannii – која може да инфицира рани и да предизвика пневмонија.

Тоа е една од трите супербактерии идентификувани од Светската здравствена организација како „критична“ закана. Често не реагира на различни антибиотици и е проблем за болниците и домовите за стари лица, каде што може да преживее на површини и на медицинската опрема.

Доктор Џонатан Стоукс, од Универзитетот Мекмастер, ја опишува бактеријата како „јавен непријател број еден“ и вели дека многу често е отпорна на речиси секој антибиотик. Следниот чекор е да се усоврши лекот во лабораторија и потоа да се спроведат клинички испитувања. Тој очекува дека првите антибиотици во чиј развој ќе помогне вештачката интелигенција би можеле да пристигнат во 2030 година.

Интересно е што овој експериментален антибиотик немал ефект врз другите видови бактерии и влијае само на A. baumannii. Многу антибиотици неселективно ги убиваат бактериите. Истражувачите веруваат дека прецизноста на абауцинот ќе го отежни појавувањето на отпорност кај лекот и ќе доведе до помалку несакани ефекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ