вторник, 26 ноември 2024

Верификуван пратеничкиот мандат на Катерина Димитровска, избрани двајца нови членови на ДИК

Собранието денеска ја одржа 19-та седница, на која беа изгласани неколку закони. На почетокот на седницата беше верифициран мандатот на новата пратеничка Катерина Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Димитровска доаѓа на местото на Марија Митева, откако таа се откажа од пратеничкиот мандат по нејзиното назначување за портпарол на Владата. Продолжението на 19-та седница претседателот на Собранието Африм Гаши ја најави за утре за во 12 часот.

За нови членови на Државната изборна комисија беа избрани Ангелчо Ристов, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево  и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово. Овие двајца нови членови на ДИК се избираат откако досегашните: Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ стана заменик-генерален секретар на Собранието, а Радица Ристеска од СДСМ замина во пензија.

Од денешната седница беа повлечени предлозите за избор на Ардијан Демири и Ведат Салихи за членови на Советот на јавните обвинители на  Македонија и предлогот на одлуката за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ