Црвено-црните уште еднаш се поразени од португалскиот тим, овојпат во Порто. Рамноправно беше во воведниот дел од мечот, потоа Португалците почнаа да се одлепуваат и на полувремето заминаа со предност од 17-10.
Во вториот дел сликата беше иста, Порто ја зголемуваше разликата, а Вардар изгледаше немоќно. Конечниот резултат беше 37-24 за домаќините.
Најефикасен во составот на Вардар беше Срдановиќ кој постигна шест поени, Крсманчиќ реализираше три. Во составот на Порто незапирлив беше Веитиа со девет голови.
Во следниот натпревар од Европската лига Вардар му гостува на Валур, тој меч се игра на 19. ноември.