Вардар успеа во намерата да му се одмазди на Еурофарм Пелистер за поразот во шампионатот и да го одбрани трофејот барем во Купот на Македонија.
Црвено-црните уште од почетокот тргнаа ангажирано и мотивирано за да дојдат до победата, на почетокот создадоа предност и од пет голови разлика, беше 8-3. Но Пелистер не се предаваше и успеваше да се доближи. На полувремето вардарци водеа со 16-12.
Вардар водеше и во текот на вториот дел, Пелистер успеваше да дојде на -2, но црвено-црните повторно ќе стигне до четири. Сепак во финишот од мечот беше драматично. Битолчани дојдоа на само еден негатива, имаа шанса и за изедначување, но не успеаа да постигнат гол. Вардар го доби мечот со 26-25 и го освои пехарот.
Најдобри во редовите на Вардар беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека кај Пелистер по пет погодоци постигнаа Усама Хосни и Мохамед Суси.