„Како партија први го објавуваме својот кандидат и им фрлама ракавица на буржоаските партии. Наш кандидат е професорката Билјана Ванковска. Според нашите анкети, таа е најдобриот наш избор за кандидат за функцијата претседател на Република Македонија и убедени сме дека ќе биде и најдобриот кандидат на претседателските избори“, рече Апасиев.
Ванковска рече дека за неа довербата од Левица ѝ причини задоволство и е благодарна на партијата, затоа што, како што нагласи, нејзините погледи на сегашноста во македонското општество, па и пошироко, се поклопуваат со тие на Левица.
„Јас не сум член на партија, но веќе се почувствував како дел од овој тим. Јас сум левичар, таквите мои левичарски погледи никогаш не ги криев. Нескромно можеби ќе прозвучи, но како професорка мојата посебна специјлност се политичките системи, меѓународната безбедност, демократската контрола на безбедносните структури и сметам дека тоа мое знаење е и тоа како е соодветно за моменталните состојби во Македонија. Секако, многу е важно да се посветиме на граѓанинот и неговите права во државата и на тој план многу ќе работам“, рече Ванковскаг.
Таа нагласи дека нема да биде случаен минувач низ изборите.
„Паметите дека порано бев многу присутна во јавниот живот затоа што не молчев кога сите молчеа. Така, пред 10 години бев независен кандидат за претседателската функција и тоа без никаква организациска и финансиска поддршка. Затоа, тие повеќеилјади гласови што ги добив се особено вредни и многу тоа ми значеше. Ако се прашувате зошто по една деценија повторно излегувам на истиот терен, ќе ви кажам дека оттогаш многу нешта се променија и овојпат нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката. Имам голема самодоверба бидејќи ова е вистински тим, дел од овој тим беше дел од мојот тим пред 10 години. Таа генерација на млади и борбени личности направи политичка партија за респект. За 10 години, Македонија е сѐ што немаме. За 10-те години, Македонија е во многу лоша ситуација“, рече кандидатката од Левица.
На прашањето дали ако не влезе во вториот изборен круг кому ќе му ги отстапи гласовите и што им забележува на досегашните претседатели, Ванковска, меѓу другото, рече:
„Не мислам само да учествувам на изборите, да бешде таква идејата, не би се согласила да влезам во претседателска трка. Ниту со Левица може да се даваат и споделуваат гласови со други учесници или партии. На претходните претседатели можам да им забележам дека биле премногу послушни кон политичките фактори“.