четврток, 28 ноември 2024

Урсула фон дер Лаен избрана за претседател на Европската комисија

Урсула фон дер Лаен по втор пат е избрана за претседател на Европската комисија (ЕК).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) гласаа за реизбор на Фон дер Лаен, која беше на чело на ЕК и во претходниот мандат.

За изборот на фон дер Лаен гласаа 401 европратеник, 284 беа против, додека 15 европратеници беа воздржани. Седум пратеници не гласаа.

Таа претходно во политичките насоки за следната Европска комисија изјави дека пристапувањето во ЕУ секогаш ќе биде процес заснован на заслуги и рече дека ќе има зголемена поддршка за подготовка на земјите-кандидати, вклучително и преку инвестиции и реформи од Планот за раст за Западен Балкан.

„Пристапувањето во ЕУ секогаш ќе биде процес заснован на заслуги – и секој кандидат ќе биде оценет според сопствениот напредок кон исполнување на сите критериуми. Ќе ја зајакнеме поддршката за подготовка на земјите-кандидати, особено користејќи инвестиции и реформи во Планот за раст за Западен Балкан и инструментот за Украина. Ова ќе помогне да се интегрираат во делови од правото на ЕУ и единствениот пазар, и ќе ги навикне да пристапуваат до фондовите на ЕУ“, се наведува во политичките насоки на Фон дер Лаен, објавени од Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ