четврток, 5 декември 2024

Уметничка изложба на Македонецот Генци Кадриу од Голо Брдо во Тирана

Македонците во Албанија, со повеќе активности ќе го одбележат 8 Септември-Денот на независноста. Во тие рамки синоќа, во Parking Art Gallery во Тирана беше отворена изложбата „Постојан експеримент” на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер.

Објавено на

часот

Сподели

„Самостојна изложба на уметникот Кадриу е во организација на Марјана Костофски- Фелах, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за малцинствата, а поддржана од амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана. Присуствуваше и амбасадорот Данчо Марковски“, објави амбасадата.

Во објаата се додава дека изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури.

За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Во пресрет на Денот на независноста, денеска во  Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, што е  завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.

Ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани.

Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски.

Настанот го организира Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ