четврток, 28 ноември 2024

Украински напад со дрон уништи руска фабрика за електрична опрема (ФОТО)

Украинските напади синоќа предизвикаа пожар во кој беше уништена фабрика за електрична опрема во руската погранична област и беа повредени најмалку шест лица, соопштија локалните гувернери.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Напад со дрон врз фабрика во градот Кореново во рускиот регион Курск предизвика пожар кој беше изгаснат сабајлево. Во фабриката нема жртви.

Фотографиите објавени на каналот Телеграм на локалниот гувернер Алексеј Смирнов покажуваат фабрика чиј покрив е во пламен. Нејзината внатрешност била целосно изгорена.

Едно лице е повредено кога дрон фрлил експлозив врз куќа во истиот регион, изјави Смирнов.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана уништила 13 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и едно во регионот Курск.

Вјачеслав Гладков, гувернерот на руската област Белгород, изјави дека четири лица се повредени во украинското гранатирање. Во регионот Воронеж едно лице е повредено во напад со дрон, изјави локалниот гувернер Александар Гушев.

Рускиот весник Комерсант во вторник пишува дека властите размислуваат за евакуација на жителите од 14 села во регионот на Белгород, кои се цел на украински напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ